Бојан Миовски го забележа првиот старт во Примера, но неговата Џирона доживеа пораз во Валенсија. „Љиљаците“ во шестото коло ја забележаа првата победа во новата сезона.
Првото полувреме беше здодевно, а двата гола беа постигнати во рок од две минути во второто полувреме. Капитенот на Џирона, Хуанпе Рамирез, си постигна авто гол во 56.минута, а две минути подцна топката во мрежата на Пауло Газанига ја смести Дани Гомез.
Миовски како и целиот тим на Џирона одигра просечен натшревар, очигледно врз екипата на Мичел остави трага тешкиот натпревар во Париз против ПСЖ во Лигата на шампионите.