Реал Мадрид го освои Супер купот на УЕФА со победата над Аталанта (2:0), со головите на Родриго и на Килијан Мбапе за кого тоа беше деби во дресот на „кралевите“.
Мбапе ги постави конечните 2:0, а посебно импресивно беше неговото движење при постигнувањето на голот. Акцијата траеше 10-на секунди, а во тој период Мбапе се движеше низ шеснаесетникот на тој начин што постојано беше слободен.
Тој само го чекаше моментот кога Белингем ќе се намести за да може да му ја додаде топката кога ќе се „отвори“. Мбапе навреме втрча и покажа што ги чека противничките одбрани во новата сезона.