Легендите на Реал Мадрид и на Барселона одиграа пријателски натпревар во Катар, пред околу 30.000 гледачи, а натпреварот во регуларноот дел заврши без победник, 2:2.
Иако Барселона имаше два гола предност, Реал успеа да израмни, по што пеналите требаше да го решаваат победникот. На крајот славеше каталонскиот тим.
На теренот имаше играчи како Луис Фиго, Кларенс Седорф, Ривалдо, но најголема ѕвезда беше Роналдињо, кој уште еднаш покажа дека има магија во нозете. Славниот Бразилец постигна неверојатен гол од слободен удар во 16. минута при резултат 1:0 за Барселона и ја удвои предноста. Голот е без сомнение вистинско ремек дело.
Ronaldinho still got it. 🇧🇷pic.twitter.com/BdjmXIPP8F
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 28, 2024
Роналдињо во големата кариера настапуваше за ПСЖ, Милан, Фламенго, а убедливо најголеми успеси имаше во Барселона со која во 2006 година ја освои Лигата на шампиони (ЛШ). За каталонскиот клуб одигра 145 натпревари и постигна 70 голови. Тој го освои и Светското првенство (СП) со Бразил во 2002 година