(ВИДЕО) ЛН: Португалија ја победи Хрватска, Роналдо го даде 900-от гол

Португалија ја совлада Хрватска со 2:1 во натпреварот од 1.коло од групата 1 од Лигата на нации (ЛН) во Лисабон. Домаќините поведоа со голот на Диого Далот во 7-та, а Кристијано Роналдо зголеми на 2:0 во 34. минута.

Хрватска се врати во игра со автоголот на Далот во 41. минута, но повеќе од тоа не можеше да стори.

Натпреварот го одбележа 900-от гол во кариерата на Кристијано Роналдо, кој на тој начин испиша нови страници во фудбалската историја. Роналдо (39) го искористи одличниот центаршут на Нуно Мендеш втрча меѓу Гвардиол и Понграчиќ, а потоа со полуволеј го матира Ливаковиќ.

Тој бурно го прослави голот, падна на колена и изгледаше како да плаче, но не затоа што беше убав или даден на важен меч.

Причината за тоа е што Роналдо во 213. настап за Португалија го даде 900-от гол во кариерата, 131. гол за репрезентацијата. Другите  ги постигна за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал, Јувентус и Ал Наср.

По историскиот гол против Хрватска, неговиот познат симбол „CR7“ беше сменет во „CR900“ на социјалните мрежи и во насловите на медиумите.

Во вториот меч од оваа група, Полска на гости ја совлада Шкотска со 3:2.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО