(Видео) Лејкерси се спасија од „метла“, Бостон го вратија брејкот

Лос Анџелес Лејкерс славеа победа над Денвер на домашен терен со 119:108 во четвртиот натпревар од првото коло на НБА плејофот и го намалија резултатот во серијата на 3:1.

По 11 последователни порази, од кои седум во плеј-офот, Лејкерси конечно после година ипол успеаја да ги победат Денвер Нагетс. За да направат нешто повеќе, а тоа победа во серијата ќе им треба колосално достигнување, каков што досега никој во НБА не го направил, а тоа е да станат првиот тим кој го сменил 3-0.

На шампионот не му помогна уште еден трипл дабл на МВП кандидатот Никола Јокиќ, втор во оваа серија. Србинот мечот го заврши со 33 поени и по 14 скока и асистенции (10/20 шут од поле, 2/5 тројки). Го следеа ортер и Џамал Мареј, но канадскиот репрезентативец шутираше 9/23 од поле.

Можеби соодносот на скокови од 46:39 за Лејкерс беше од пресудна важност. А во тој сегмент апсолутно доминираше Ентони Дејвис кој собра дури 23. Тој имаше 25 поени и шест асистенции. Леброн Џејмс беше најефикасен кај победниците со 30 поени, а двоцифрени беа и ДиАнџело Расел и Остин Ривс со по 21 поен.

Кошаркарите на Бостон славеа во третиот натпревар од првото коло на НБА плејофот на гостински терен против Мајами 104:84 и поведоа со 2:1 во серијата.

Мајами едноставно беа немоќен. Се можеше да се насети веќе во првата четвртина во која постигнаа само 12 поени, а практично мечот беше решен на полувремето, кога Селтикси дојдоа до предност од 63:39.

Кај победниците најефикасни беа Браун и Тејтум со по 22 поени, а Тејтум оствари дабл-дабл со 11 скока и шест асистенции. На другата страна Адебајо запиша 20 поени и девет скока, а Никола Јовиќ забележа личен плеј-оф рекорд 15 поени, осум скока и асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО