Аргентинецот, Диего Марадона беше светски шампион во 1986-та и еден од најдобрите и најпознатите фудбалери на 20 век. Познат и како „Божја рака“ или „Малиот зелен“, Марадона се памети како совршен напаѓач кој ја воодушевуваше публиката ширум светот.
Роден е на 25 ноември 1960 година во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина. Тој беше петто од осумте деца во семејството Марадона. Неговите родители биле работници, а љубовта кон фудбалот ја наследил од неговиот вујко
Диего бил забележан на рана возраст, како дете, од скаутите на локалниот клуб. Подоцна се преселил во Аргентинос јуниорс каде што го одиграл првиот сениорски натпревар, на 16 години. Поради тој меч Марадона се’ уште ја носи титулата најмлад играч во историјата на аргентинскиот фудбал.
Сепак, талентот и љубовта кон фудбалот не беа доволни селекторот Цезар Луис Меноти да го вклучи во тимот за Светското првенство (СП) 1978 година што се одржа во Аргентина.
Марадона до 1982 година играше во Јужна Америка. Со „гаучосите“ го освои светското јуниорско првенство во 1979-та и го привлече вниманието на многу светски клубови, но почетната цена од 800.000 фунти за многумина беше преголем ризик, па остана да игра дома.
Сепак, Барселона се согласи на високата цена, па Диего од 1982 година живееше и играше во Европа. Со Наполи освои две титули во италијанскиот шампионат, како и Купот на УЕФА.
Постигна два гола на СП во Мексико 1986 година, а за неговиот прв гол на тој натпревар се’ уште се зборува. Марадона подоцна го нарече тој гол „Божја рака“. Аргентина го освои шампионатот победувајќи ја Западна Германија во финалетосо 3:2.
По успесите во 80-те, 90-те беа одбележани со сосема различни вести за Марадона. Наместо успеси на натпреварите, фантастични голови и надмудрување на противничката одбрана, за Марадона се’ почесто доаѓаа вести поврзани со кокаин.
Во 1991 година, тој бил позитивен на кокаин за време на допинг контрола, и доби забрана за играње на 15 месеци. Набрзо го смени клубот каде често пропушташе тренинзи.
Во 1994 година беше на насловните страници на сите весници откако со воздушна пушка пукаше во новинар. Во следните години трипати бараше помоп поради зависноста од кокаин и неуспешни допинг тестови. Во 2000 година, замина и на Куба за да се ослободи од зависноста.
Со текот на годините се повеќе се профилираше и како фудбалер со јасни политички ставови. Јавно поддржа неколку кандидати на аргентинските левичарски партии, а подоцна стана голем обожавател на Фидел Кастро и на Че Гевара.
Ги истетовира нивните ликови на рацете и на нозете. Ги поддржа и Уго Чавез и Ево Моралес. Во едно интервју изјави дека презира се што доаѓа од САД.
Марадона почина на 30 октомври 2020 година, на 61-годишна возраст од срцев удар во градот Тигре, Аргентина.