(Видео) Лајпциг победи со играч помалку, Хофенхајм победи со хет-трикот на Крамариќ

Фудбалерите на Лајпциг со победа влегоа во новата сезона. Потешко од очекувањата, Лајпциг го победи Бохум. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, не доби шанса да настапи, мечот го следеше од клупата за резерви.

Имаа многу проблеми фудбалерите на лајпциг на овој натпревар,но некако успеаја да го скршат отпорто на Бохум. Победникот го реши голот на Нуса во 59.минута.

Лајпциг мечот го заврши со играч помалку, во 85.минута директен црвен картоб=н доби Унгарецот Орбан.

Како што стојат работите првото коло ќе мине во знакот на Андреј Крамариќ. Репрезентативецот на Хрватска постигна хет-трик во победата на Хофенхајм против дебитантот во Бундес лигата Кил (3:2).

Крамариќ головите ги постигна во шестата, 37. и 87.минута.

Стрелци за Кил беа Александар Бернхардсон на стартот од вториот дел. Исланѓанецот влезе во клупската историја, тој го постигна првиот гол за Кил во Бундес лигата. Во 89.минута гол за Кил постигна и Шуто Махино.

Резултати, Бундес лига 1.коло:

Фрајбург-Штутгарт 3:1
Аугсбург-Вердер 2:2
Мајнц-Унион Берлин 1:1
Лајпциг-Бохум 1:0
Хофенхајм-Кил 3:2
вчера: Борусија Менхенгладбах-Баер Леверкузен 2:3.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО