Српските олимпијци пристигнаа во Белград во понеделникот вечерта каде што ги пречекаа повеќе десетици илјади луѓе.
Но не мина се’ совршено. Душан Мандиќ, капитенот на српската ватерполо репрезентација и најдобар стрелец на Олимписките игри (ОИ), не сакаше да се ракува со градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, кој е поранешен ватерполист и сопственик на ватерполо клубот Нови Белград.
Odličan Mandić pic.twitter.com/jo1RGsDrHq
— pfc (@partizanfoto) August 12, 2024
Додека другите ватерполисти се ракуваа со градоначалникот, Мандиќ само мина покрај него и остро го погледна. Шапиќ е познат по многубројните скандали, а минатата година имаше недоразбирање со Мандиќ и нареди еден од најдобрите ватерполисти во светот да биде исфрлен од тимот на Нови Белград.
Србија на ОИ освои пет медали. Со злато се закитија ватерполистите, Зорана Аруновиќ и Дамир Микец во стрелаштво (мешан екипен медал) и Новак Ѓоковиќ во тенис, сребро освои Александра Перишиќ во таеквондо, а бронза кошаркарите.