Никола Јокиќ не беше претерано зборлив на прес-конференцијата, на која мина само пет минути по одличната партија против Феникс! Покрај тоа што зборуваше за натпреварот, Јокиќ повторно беше прашан од новинарите за католичкиот Божиќ, односно за тоа дека тој ден повторно ќе игра како и во последните неколку години.
Јокиќ не сакаше премногу да зборува на таа тема и на прашањето „какво е чувството да се игра на Божиќ“, даде јасен одговор. „Никакво, мене не ми е Божиќ, тоа е само уште еден натпревар“.
Јокиќ на мечот Денвер – Феникс 117:90, имаше ефект од 32 поени (4/6 тројки), седум асистенции и два скока, со напомена дека не го одигра последниот квартал.