ВИДЕО: Интер Мајами со победа прослави уште еден трофеј во кариерата на Меси

Еден од најдобрите во историјата на фудбалот, Лионел Меси го освои 45 трофеј во професионалната кариера.

Аргентинецот го повреди скочниот зглоб во финалето, но беше на Чејс стадионот за победа на Интер Мајами над Чикаго (2:1).

Децата од академијата на Интер Мајами држеа слики од секој од 45-те трофеи на Меси, а тоа можете да го погледнете на видео записот.

Решавачкиот гол го постигна Жорди Алба, а претходно израмни Томас Авилес по водечкиот гол на Матијас Рохас, за кого тоа беше четврти гол сезонава за тимот од Мајами.

– Денеска славиме нешто што не сме го виделе и можеби никогаш повеќе нема да го видиме. Го славиме големиот јубилеј на Лео Меси како човекот кој подигна најмногу трофеи во историјата на овој спорт. Сигурен сум дека нема да застане на 45 – изјави сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО