(Видео) Индијка без раце совршено погоди со стрела на ПОИ

Шитал Деви со сонародникот Ракеш Кумар за да го освои бронзениот медал во стреличарство на Параолимписките игри во Париз.

Деви не само што беше најмлада во тоа натпреварување, туку стана апсолутен хит и миленичка на спортската јавност. Причината е што таа е единствената што гаѓа стрела без раце.

Ова девојче е родено во 2007 година со фокомелија, пореметување кое се карактеризира со отсуство на делови од рацете или нозете. Во нејзиниот случај, дланката е прикачена директно на рамото поради неразвиеноста на надлактицата или подлактицата.

Таа реши да се занимава со спорт во кој техниката е од големо значење, а во една година оствари совршен погодок. И стана инстант вирален хит.

Имено, Деви најпрвин со десната нога ја подигнала стрелата од земја и ја намести на конецот на лакот, кој со истата нога го подигна од левото колено. Потоа по неколку моменти на нишанење и концентрација, совршено погоди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО