Унгарија и Хрватска во моментов играат натпревар од Европското првенство во ракомет, а првото полувреме од овој натпревар го одбележа фантастичниот гол на Ричард Бодо.
Во вечерашната пресметка против Унгарците, Хрватите немаат право на кикс доколку сакаат да ја задржат шансата за пласман во нокаут фазата, но уште во првиот дел беше јасно дека на оваа селекција и претстои тешка работа.
Унгарија одлично го отвори натпреварот и им покажа на Хрватите дека вечерва ќе бидат многу „жилави“.
Првиот дел од натпреварот го одбележа неверојатниот гол на Ричард Бодо од ситуација кога сите мислеа дека Унгарците ја загубија топката.
Хрватите одиграа многу добра одбрана во оваа ситуација, па Бодо имаше проблеми со задржување на топката и се чинеше дека таа ќе оди кај „коцкестите“.
When you’re a ???????-???? ?????? ?#ehfeuro2024 #heretoplay @MKSZhandball pic.twitter.com/arBsuWgbOs
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2024
Но, додека лежеше на подот, Бодо повторно успеа да дојде до топката и од лежечка позиција постигна гол за Унгарија, која во тој момент водеше со 5:3.