Манчестер јунајтед беше на прагот на катастрофален пораз од последнопласираниот тим во Премиер лигата, но успеа да направи пресврт во последните минути и да слави со резултат 3:1 (0:1).
Избраниците на Рубен Аморим губеа уште од 43. минута кога несреќниот Угарте си постигна автогол за водство наСаутемптон на „Олд Трафорд“.
Во следните минути видовме, Јунајтед напаѓаше, а во последните 12 минути се решеи Аманд Диало.
Крилниот напаѓач постигна хет-трик. Мрежата на Рамсдејл ја погоди во 82., 90. и 94.минута.
Звучи чудно, но Јунајтед со овој триумф скокна на 12. место на табелата со 26 освоени бодови.
Саутемптон останува последен со само шест од 21 одигран натпревар.