(ВИДЕО) Халанд трча со волк, оди по жар и вежба над провалија!

Ерлинг Халанд(24) сними нова реклама за бренд на слушалки и звучници, во која под слоганот „Вообичаено е за сите други“ ги израдува своите обожаватели со видео во кое се дружи со волк во норвешката шума, оди по жар и прави склекови над провалија!

Откако сними реклама со Леброн Џејмс „Кралот и Викинг“ за истата компанија, норвешкиот напаѓач, член на Манчестер сити повторно ги здружи силите со компанијата за да промовира нови производи.

Покрај тоа што трча со волк и на трупец во вода, Халанд во рекламата сече дрва, кои потоа со удар ги средува и се буди во снегот. Како изгледа сето тоа можете да видите во видеото подолу.


Халанд сезонава за Манчестер сити постигна 15 гола на 16 натпревари. За англискиот шампион тој има постигнато 105 гола, плус 14 асистенции на 114 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО