Интер го „уништи“ Лацио на гостувањето на Олимпико победувајќи со 6:0. Последен пат Интер постигна шест или повеќе гола против Римјаните во далечната 1961 година кога ги победи со 7:0.
Чалханоглу погоди од пенал за водство на Интер во 41. минута, за него 100-ти удел при постигнување гол во дресот на „нероаѕурите“. Ова му беше 48-ми гол, плус 52 асистенции. Само четири минути подоцна, во финишот од првото полувреме, Димарко зголеми на 2:0.
Треба да се спомене дека во првото полувреме беа доделени дури четири жолти картони, не недостигаше содржина, но гостите беа позадоволни.
Во 51. минута актуелниот првак, Интер го постигна третиот гол преку Барела. Две минути подоцна Дамфрис зголеми на 4:0, за „петардата“ се погрижи Аугусто во 77. минута. Но тука не беше крајот на кошмаротѕ за „лацијалите“ бидејќи во 90. минута Турам ги постави конечните 6:0.
🎉🥳💪#ForzaInter #LazioInter pic.twitter.com/ukYDbweRIy
— Inter ⭐⭐ (@Inter) December 16, 2024
Ова беше најтежок пораз дома за Лацио во клупската историја. Претходниот рекорден пораз на домашен терен беше претрпен од Фиорентина, 0:5 во 1959 година. Трите најголеми порази во Серија А се од Интер и уследи по поразите од 1:8 (во 1934-та) и 0:7 (во 1961 година) во Милано.
Овој натпревар имаше и емотивен тон, бидејќи вчера се навршија две години од смртта на поранешниот играч на двата клуба, Србинот Синиша Михајловиќ, а навивачите му оддадоа почит.
Lazio – Inter Milan : deux ans sans #Sinisa #Mihajlović, décédé le 16 décembre 2022. Hommage de la #CurvaNord ##UltrasLazio #LazioInter #SSL #sslazio (16.12.24) pic.twitter.com/pKzcX7crmW
— 1899 Mode Ultrà (@ultras1899_) December 16, 2024
Интер сега е трет на табелата во Серија А со 34, а Лацио е петти со 31 бод.