(ВИДЕО) ЕП: Убедлив пораз на Македонија на премиерниот меч

Женската ракометна репрезентација на Македонија го загуби првиот меч на 16. Европско првенство (ЕП). Во Дебрецин, Унгарија, во групата А, Шведска, која се смета за еден од фаворитите за медал, триумфира во 28:18 (16:7).

Јована Кипријановска, Сара Ристовска, Марија Јанкуловска и Ива Младеновска со по три постигнати гола беа најефикасни во редовите на Македонија. Младата голманка Јована Мицевска имаше забележителен ефект меѓу стативите со 10 одбрани со што спречи уште потежок пораз.


Кај Швеѓанките, Натали Хегман постигна девет гола, беше најефикасна за што беше избрана и за играч на натпреварот.

На 10 минути до крајот, разликата беше 16 гола, но Швеѓанките го намалија „гасот“, дозволувајќи им на Македонките да направат серија од 8:2 до крајот од натпреварот.

Во првиот меч од групата А, Унгарија ја совлада Турција со 30:24. Македонија утре игра со Турција, а во понеделник со Унгарија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО