Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ шутира за три поени со зуците на народната песна „Мики, Милане“ на српската пејачка Вера Матовиќ, која последниве години стана популарна во Америка благодарение на ѕвездата на Далас маверикс.
Но, овојпат песната не беше пуштена во салата во Далас на барање од Дончиќ, туку е дел од рекламата на многу популарниот бренд „Ер Џордан“.
Познато дека Дончиќ е љубител на музиката од овие простори и оти во салата во Далас пред натпреварите на Маверикс честопати може да се слушнат хитови од Хрватска, Србија, БиХ и од други земји во регионот.