Еден од најдобрите словенечки кошаркари на сите времиња, Горан Драгиќ (38), неодамна ја заврши фантастична кариера, а во чест на ѕвездата на Санс, Хит, Рокетс, Нетс, Булс и други НБА клубови му беше организиран спектакуларен проштален натпревар во Љубљана како посвета на голема кариера.
Goran Dragic playing farewell game in Ljubljana. Still no word on a good riddance game for Gogi in #Toronto.🖕 @Goran_Dragic @NBA #dragic #heatnation #nba #raptors #slovenia #wethenorth pic.twitter.com/MZ0TLG9qlN
— Rob Sinclair (@iamrobsinclair) August 24, 2024
Горан Драгиќ не можеше да ги задржи солзите во моментот кога неговото семејство влезе на теренот и кога публиката го поздрави со громогласен аплауз.
Простувањето на великанот кој и’ донесе злато на Словенија на Евробаскетот 2017 година го увеличија многубројни легенди и актуелни ѕвезди. Таму беа Стив Неш, Дирк Новицки, Дејан Бодирога, Предраг Даниловиќ, Крис Бош, но најголемо внимание привлекоа Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.
Family is everything! 🫶 The last 3 minutes of Goran Dragic’s career, playing with his children 🥹
Goran Dragic Farewell Game | #TheNightofTheDragon 🔥🐉pic.twitter.com/VgjXk1HnaD
— Basketball Sphere (@BSphere_) August 24, 2024
Словенечкиот и српскиот кошаркарски ас во моментов се двете најголеми НБА ѕвезди и веројатно најуспешните играчи во историјата на овие простори.
Дончиќ и Јокиќ се одлични пријатели надвор од теренот, што се виде по тоа колку се забавуваа на збогувањето на Драгиќ.