Лука Дончиќ (25) поради повреда, во втората четвртина го напушти натпреварот Далас маверикс – Минесота тимбервулфс на Божиќ, а сега е позната тежината на таа повреда.
Словенечката ѕвезда ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на потколеницата на левата нога. Тоа е најтешката повреда во НБА кариерата на Дончиќ кој досега никогаш не паузирал повеќе од месец дена.
Luka Doncic went back to the locker room after an apparent injury on this play. pic.twitter.com/R8xlcLdeHQ
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 25, 2024
Далас во наредниот период без Дончиќ ќе одигра 17 натпревари, што значи дека за прв пат во кариерата тој ќе одигра помалку од 65 натпревари во една сезона (не сметајќи ја 2019/20-та, која беше скратена поради коронавирусот).
Поради ова, тој нема да биде во конкуренција за поединечните награди како што е МВП или за настап на Ол-стар викендот.
Словенецот сезонава на 22 натпревари имаше просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции. Далас е на четвртото место во Западната конференција со 19 победи на 30 натпревари.