(ВИДЕО) Денвер конечно победи без Јокиќ, историски трипл-дабл на Вестбрук

Денвер нагетс го одигра третиот меч по ред без Никола Јокиќ, кој поради лични причини не е на теренот, но овојпат конечно успеа да победи и на некој начин да му се реваншира на Мемфис гризлис за поразот во претходниот меч!

Денвер пред два дена беше поразен од Гризлис со резултат 90:105, а ноќта меѓу вторникот и средата славеше со 122:110.

Џамал ​​Мареј и Мајкл Портер јуниор минатиот пат беа критикувани, заедно постигнаа само 23 поени, со очајни шутерски ефекти, но овојпат ја презедоа одговорноста и им донесоа победа на Нагетс.

Мареј даде 27 поени и конечно го направи она што се бара од него, да ги полни кошевите на противниците. Портер пак постигна 24 поени и имаше 11 скока. Одличен меч одигра и Кристијан Браун со 19 поени и седум скока. Пејтон Вотсон додаде 16.

Но сите почести одат кај Расел Вестбрук, кој забележа историски трипл-дабл.Т ој стана првиот кошаркар во НБА лигата кој стигнал до 200 трипл-дабл ефекти, бидејќи на Гризлис им даде 12 поени, плус 14 асистенции и 10 скока.


Санти Алдама беше најдобар кај Мемфис со 28 поени и 11 скока, Џерен Џексон јуниор даде 19, а Скоти Пипен јуниор имаше 16 поени и шест скока и шест асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО