(ВИДЕО) Делии им одржаа мотивациски говор на играчите на Ѕвезда пред мечот со Интер!

Италијанската полиција и властите на градот Милано пред 10-на дена им забранија на навивачите на Црвена ѕвезда да присуствуваат на натпреварите на нивниот клуб  во Лигата на шампиони (ЛШ), против Интер денеска и против Милан на 11 декември.

Ваквата одлука Италијанците ја донесоа откако оценија дека доаѓањето на голем број навивачи на Ѕвезда во нивната земја ќе значи огромен безбедносен ризик поради жестоките судири што лани Делии ги имаа со навивачите на Рома.

Околу 4.000 навивачи на Ѕвезда од Србија и од странство се подготвуваа за натпреварот против Интер, а голем дел од нив веќе купиле билети.

Српскиот шампион ја објави забраната преку соопштение: „Црвена ѕвезда апелира до сите навивачи да не патуваат на посочените натпревари бидејќи нема да им биде дозволен влез, како и собирање. Одлуката се однесува на навивачите кои живеат во Србија, но и во сите други европски земји.

Италијанската полиција забрани продажба на билети за која било трибина. За купување билет потребен е пасош, а потоа името и презимето на билетот и пасошот мора да бидат идентични при влегување на стадионот.

Црвена ѕвезда посочува дека на оваа одлука клубот не можел да влијае и уште еднаш апелира да се почитува“.

Но, забраната беше уште поголема мотивација за ултрасите да ја прекршат. Тие синоќа дојдоа во Милано и не само што се појавија таму, туку 50-на од нив направија навивачка поворка низ центарот на градот со факели, песни и развиорени големи знамиња.


Крајот на маршот беше пред хотелот во кој се сместени играчите на Ѕвезда. Пред хотелот тие ги повикаа играчите да излезат за да им одржат мотивациски говор.

Фудбалерите ги послушаа, а предводникот на Дели им се обрати на видно изненадените играчи.

„Ајде немојте да бидете намрштени, луѓето дојдоа овде и ќе минат 2.500 км во двата правца само да ве поддржат. Утре не ќе можеме да влеземе на стадионотѕ поради законот, поради полицијата, на која штотуку и пеевме. Дојдовме за да ве поддржиме.

кога ќе излезете на теренот, немате од што да се плашите, одиграјте добар натпревар. Веројатно бевте подобри од Бенфика (Ѕвезда загуби со 1:2 на домашен терен), играјте на ист начин и утре.

Немате од што да се плашите, тие се силен противник, но нека ви биде во глава мислата за луѓето кои минаа 2.500 километри само за да ве поддржат овде.

Уште нешто да имам на ум, доколку цела Италија не се плашеше од Црвена ѕвезда и од нејзините навивачи, утре сигурно ќе имаше 5.000-6.000 луѓе на стадионот, тоа ви го гарантирам.

Но бидејќи цела Италија се плашеше од Ѕвезда, која е огромен клуб, и од нејзините навивачи, покажете им дека се плашеа со причина. И не плашете се од ништо, знаете да играте фудбал, ние сме со вас, им рече предводникот на Делии.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО