Лацио и Аталанта одиграа без победник 1:1 (1-0) во 18. коло во италијанската Серија А.
Тимот од Бергамо остана на првото место на табелата со еден бод повеќе од Интер. Вечрва на „Олимпико“, Лацио стави крај на серијата од 11 победи во Серија А, во која беа играчите на Аталанта.
Голот на Деле-Баширу во 27. минута им донесе водство на „небесносините“, но во финишот го испуштија водството.
Аталанта од пораз ја спасија резервите, Заниоло и Брешанини. Заниоло со прекрасно додавање за Лукман во 88.минута ја пресече одбраната на Лацио, Нигериецот потоа му асиситраше на Брешанини кој само ја проследи топјата во празната мрежа.
Резултатот остана 1:1 до крајот, со што Аталанта остана на првото место, со бод и натпревар повеќе од Интер.
Лацио на табелата се наоѓа на четвртото место со 35 освоени бодови.