(ВИДЕО) Бразилската полиција пукала со гумени куршуми во навивачи на меч во Копа Либертадорес!

Бразилскиот Атлетико Минеиро се пласира во четвртфиналето на Копа Либертадорес, елитното континентално клупско натпреварување во Јужна Америка, со победата над аргентинскиот Сан Лоренцо.

На првиот натпревар одигран пред една недела резултатот беше 1:1, а во реваншот Атлетико победи со 1:0, со голот на Родриго Баталја, кој во 65. минута одлично реагираше по корнерот и му донесе големо славје на неговиот тим.

Натпреварот се одигра на стадионот во Бело Хоризонте, Бразил, пред повеќе од 40.000 гледачи. Стадионот отворен пред само една година, чија изградба чинеше околу 100 милиони евра, синоќа беше сцена на многу добар натпревар со многу удари кон голот, но и на неверојатни сцени на трибините.

Во еден момент од натпреварот дошло до тепачка меѓу мала група навивачи во гостинскиот сектор, а бразилската полиција одговорила со влегување на трибината, каде што испукала неколку гумени куршуми кон гледачите и употребила солзавец!


Настанало вистинско навивачко стампедо од оние што бегале наоколу. Од Бразил засега нема информации за посериозно повредени на трибините.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО