(Видео) Борнмут го надигра Челзи, но три бода им припаднаа на „сините“

Фудбалерите на Челзи го совладаа Борнмут на гостински терен со резултат 1:0 во натпревар од четвртото коло на Премиер лигата.

Во поголемиот дел од натпреварот фудбалерите на Борнмут беа поконкретни, но не успеаја да го совладаат Роберто Санчез.

Шпанецот му одбрани пенал во 37. минута на Еванилсон.

Бразилецот кој пристигна од Порто како замена за Доминик Соланке два пати потоа ја погоди стативата.

Како одминуваше натпреварот, така се зголемуваа и тензиите. И двајцата менаџери заработија жолт картон, а судијата Оливер вкупно покажа 14 жолти картони.

Мечот го реши Нкунку, кога издржа дуел со двајца дефанзивци и успеа даго совлада голманот на Борнмут.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО