(ВИДЕО) Бизарнa случка во Перу: Вршел нужда за време на мечот, и добил црвен картон!

На фудбалските натпревари ширум светот се случуваат и крајно бизарни ситуации, но една од Перу се заканува да ги засени сите други. Се’ се одвивало во Купот на оваа земја, на мечот Атлетико Хуван и Канторчило. Играч добил црвен картон поради мокрење покрај теренот!

Натпреварот меѓу двата тима заврши без победник, 0:0, што само говори за тоа колку динамичен бил дуелот. Но сепак се најде на интернет, а една необична ситуација стана вирална.

Во 71. минута од натпреварот, Себастијан Муњоз требало да изведе корнер, но судијата ја прекинал играта поради мешаница во шеснаесетникот. Муњоз како едвај да ја дочекал паузата, излегол надвор од теренот за да изврши нужда.

Но противничките играчи го „искодошиле“ на судијата кој тргнал накај него и му покажал директен црвен картон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО