(Видео) Барселона ја декласира Џирона – Два гола на Јамал, Миовски не играше

Барселона во каталонскто дерби ја победи Џирона со 4:1. Барса на овој начин и се реваншираше на Џирона за двата порази со резултат 4:2 во минатата сезона. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не доби од тренерот Мичел да настапи на овој натпревар.

Барселона и во Џирна покажа дека игра во голема форма од стартот на сезоната. До победата тимот го водеше 17-годишниот Ламин Јамал, кој ги постигна првите два гола во 30. и 37.минута.

На стартот од второто полувреме третиот гол за Барселона го постигна Дани Олмо. Тоа беше трет гол за него на првите три натпревар во дреост на Барселона. Во 61.минута Олмпо поради повреда се пресели на клупата.

Четвртиот гол за блауграна го постигна Педри во 64. минута, а Стуани во 80. минута ги постави конечните 4:1.

Барселона го заврши натпреварот со играч помалку, бидејќи Торес заработи црвен картон во 86. минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО