ВИДЕО: Баерн триумфираше над Фрајбург, Милер со гол го круниса јубилејот

Еден од најдобрите во историјата на германскиот фудбал, Томас Милер го одигра 710 натпревар за Баерн Минхен. Второто коло во Бундеслигата ни донесе средба меѓу Баерн и Фрајбург, а на крајот Баварците победија со резултат 2:0.

Домашните не беа толку опасни на овој меч, а водството дојде во 38 минута од пенал, по играњето со рака на Розенфелдер по ВАР снимката, а стрелец беше Кејн.

Се играше 59 минута кога на теренот влезе Томас Милер, кому ова му беше 710 настап во дресот на гигантите од Минхен, со што стана играч со најмногу настапи во историјата на овој клуб.

Милер го комплетираше овој јубилеј со голот во 78 минута кој ја потврди победата на Баерн пред домашната публика.

Гостите можеа да го ублажат поразот во судиското надополнување, но Холер не беше прецизен од белата точка.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО