(ВИДЕО) Аргентина ова го нема видено три и пол децении: Велез е новиот шампион, во фото- финиш

Шампионот на Аргентина беше решен во последното коло, а по 36 години toa не е тим од „големата петорка“, Бока јуниорс, Ривер pлата, Расинг, Индепедиенте, Сан Лоренцо.

Велез Сарсфилд, клубот од Буенос Аирес, заврши прв во фото-финишот со победата над директниот конкурент Уракан, 2:0 и ја освои 11-та шампионска титула во Аргентина.

Со тоа беа избегнати сите калкулациите дека освен Велез, титулата би можеле да ја освојат Уракан или Талејреш.

Во вистинска карневалска атмосфера, која може да се види само во таа земја, мечот беше решен во интервал од 12 минути. Најпрвин погоди Хавиер Акино и голот го прослави на работ на солзи, а потоа на сличен начин успеа и Дамијан Фернандеш.


Од трибините цело време се слушаше песна во придружба на аргентински трубачи, се славеше и пред крајот на мечот бидејќи Велез имаше се’ под контрола, а последниот свиреж на судијата означи почеток на големото славје.

Талјерес загуби од Њуелс Олд Бојс (1:3) со што Велез му побегна на +3, а на Уракан на +5. Интересен е податокот што Велез по четврти пат ја освојува титулата со победа над истиот ривал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО