(ВИДЕО) Алкараз по сензационалната елиминација од САД опен: „Не знам што ме снајде…“!

Сензација на грен слем турнирот во Њујорк, во второто коло беше елиминиран ппанскиот тенисер, Карлос Алкараз, од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп со 6:1, 7:5 и 6:4.

По мечот и елиминацијата, Алкараз беше видно скршен.

– Не знам што да кажам… Пред се’ тој играше одлично. Не правеше многу грешки, мислев дека ќе почне во еден момент. Затоа бев збунет. Не знаев што ме снајде. Не можев да го подигнам нивото на играта, остана исто во текот на целиот натпревар.

Тоа не беше доволно да се победи или да се има некаква шанса. Направив многу грешки, а кога сакав да се вратам, веќе беше доцна, изјави Алкараз.

Потоа се осврна на напорниот распоред и на Олимписките игри во Париз.

– Распоредот беше многу густ, одиграв многу натпревари вклучувајќи ги Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри. Направив мала пауза по Париз, мислев дека ќе биде доволно, но не беше така.

Веројатно не дојдов со толкава енергија колку што мислев дека имам. Не сакам тоа да биде изговор. Јас сум момче на кое му требаат повеќе денови или повеќе одмор за да биде подготвен за важни турнири, вели Алкараз.

Тој додаде дека на овој меч се борел против себе!

– Се борев со себе. Во тенисот се борите против некој кој го сака истото како вас, да победи, па мора да размислувате и да играте што е можно подобро.

Јас денеска играв против мојот противник и против себе. Многу емоции кои не можев да ги контролирам. Подеми и падови, вистински тобоган. Морам да подобрам некои работи, да научам, истакна Алкараз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО