Групата активисти „Растителна иднина“ (Futuro Vegetal) пред две недели на социјалните мрежи се пофали дека ја вандализирала вилат на Лионел Меси, на шпанскиот остров Ибица.
Британските медиуми групата ја нарекоа „еко-мафија“, а тие самите објавија видео на кое се гледаат двајца нивни членови како стојат пред вилата и држат транспарент на кој пишува: „Помогнете и на планетата – јадете ги богатите – укинете ја полицијата“.
🚨🚨| Lionel Messi's villa was VANDALIZED by environmental activists in Spain 😳🇪🇦
The walls were smeared with black and red paint, along with a message:
"Help the planet. Eat the rich. Abolish the police." pic.twitter.com/wfmYsAbEaN
— CentreGoals. (@centregoals) August 6, 2024
Активистите ја испрскаа белата фасада на вилата на Меси со црвено-црна боја и на социјалната мрежа Х објавија: „Ја ишаравме вилата на Меси на Ибица. Вилата е дивоградба која фудбалерот ја набавил за неверојатна сума од 10 милиони евра“.
„Нè учат дека моќните се недопирливи. Точно е дека политиките се креирани за да им служат на оние кои имаат најмногу, директно напаѓајќи ги правата на остатокот од населението. Но, тие претставуваат само еден процент од населението“, велат активистите во видеото.
Но, откако реагираше адвокатскиот тим на Меси, тие малку ја ублажија реториката. По се’ што се случи, Меси реагираше и поднесе тужба и сега бара отштета од 50.000 евра, како за вандализмот, така и за упадот во неговиот приватен дом.
Таа сума ги шокираше активистите. “Тоа е боја на база на вода, па може да се измие со гумено црево, а во најлош случај ќе треба малку посилно да се потрие. Дури и да треба повторно да ја обоите фасадата, тоа нема да чини 50.000 евра“, одговори портпаролот на групата, Билбо Басатера.