Вест Хем плати 30 милиони евра за бразилски тинејџер

Англиски Вест Хем го претстави денеска младиот бразилски крилен напаѓач Луис Гиљерме како свое прво засилување за новата сезона.

Лондонскиот премиерлигаш за 18-годишниот играч на Палмеирас плати 30 милиони евра.

Гиљерме потпиша петгодишен договор со лондонскиот клуб.

Договорот ќе биде официјално објавен утре кога ќе се отвори трансфер пазарот во Велика Британија.

Минатата сезона Гиљерме имаше 18 настапи, еден гол и една асистенција за Палмеирас во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО