Дефанзивецот на Јувентус, Бразилецот, Бремер потпиша нов договор со клубот, до летото 2029 година. Откупната клаузула на дефанзивецот, која изнесува 60 милиони евра, според новиот договор, ќе се зголеми од следното лето.
Бремер е дел од Јувентус две години, по доаѓањето од Торино. Тој одигра 83 натпревари за „старата дама“ на кои постигна осум гола. Бразилецот претходно беше дел и од Атлетико Минеиро.