Вардар победник на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“

Екипата на Вардар го совлада Алкалоид со 25:23 во финалето на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Вардарци во салата „Билјанини Извори“ го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар. највисока предност имаа во првото полувреме (11:3), а Алкалоид најблиску дојде до минус 1 (20:21), но не успеа да направи целосен пресврт.

До трофејот на овој турнир Вардар дојде со максимални четири победи. До финалето стигнаа со победи над домаќинот Охрид, Партизан (Србија) и Целје (Словенија).

Третото место без борба го освои словенечки Целје откако непосредно пред почетокот на мечот грчки Олимпијакос го извести организатотот дека поради неповолниот здравствен биланс екипата не може да настапи во малото финале.

Екипата на Партизан го совлада Динамо Панчево со 25:19 и го освои 5. место.

Домаќинот Охрид го освои 7. место, откако го совлада Ловќен со 42:25.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО