Вардар ќе игра директно во групната фаза од Европската лига

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално потврди дека Вардар во наредната сезона ќе има место во групната фаза од Европската лига.

За настап во Европската лига оваа сезона се пријавија 42 екипи, а 22 имаат директно место во групната фаза, меѓу нив е и Вардар.

Преостанатите 20 екипи ќе имаат квалификационо коло и 10. победници ќе се приклучат во групната фаза која ќе ја сочинуваат вкупно 32 кипи.

Групите ќе бидат познати со ждрепка на 19. јули, три дена претходно ќе бидат познати двојките за квалификациите.

Покрај Вардар, уште четири екипи ќе ја претставуваат Македонија во Европа во новата сезона. Пелистер го чека нов настап во Лигата на шампионите, додека Алкалоид, Тиквеш и Охрид ќе играат во ЕХФ Купот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО