Вардар и Ќосевски спогодбено го раскинаа договорот

Ракометниот клуб Вардар и десното крило Ален Ќосевски спогодбено го раскинување договорот. Тоа значи дека играчот е слободен во изборот на нов клуб.

Ќосевски е дете на Вардар, кое има настапувано и во младинските селекции на клубот. Има настапувано и за екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес мина неколку сезони.

Ќосевски беше дел од генерации кои испишуваа важни резултати во историјата на клубот, освојувајќи трофеи на домашната сцена.

Според најавите Ќосевски можно е да направи трансфер во редовите на амбициозниот проект на ГРК Охрид.

Фото: Фејсбук РК Вардар 1961

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО