Ерик тен Хаг и Манчестер јунајтед доживеаја уште еден во низата неуспеси. Со тешкиот домашен пораз од Тотенхем (0:3) во Премиер лигата, тимот предводен од Холанѓанецот по првите шест кола има само седум бода.
Во првото коло во Лига Европа (ЛЕ), Јунајтед одигра само 1:1 против Твенте на „Олд Трафорд“. Затоа тимот и менаџерот, Тен Хаг за кого ова е трета сезона во Јунајтед, се предмет на големи критики.
Тој освои по еден ФА и Лига куп, но тоа не е доволно за навивачите кои сакаат менаџерот кој потроши 650 милиони евра на нови играчи да се вклучи во борбата за титулата во Англија и да го врати клубот во важна улога во Лигата на шампиони (ЛШ).
Минатата сезона Јунајтед беше елиминиран во групната фаза во ЛШ, а во првенството заврши на осмото место. По само еден освоен бод до дуелот со Твенте, тој има само една победа во последните девет европски натпревари со Јунајтед, три ремија и дури пет порази.
Тен Хег ги критикува играчите, и себеси, но тоа не значи ништо, му порача неговиот познат, славен сонародник, Марко ван Бастен кој на тв „Зиго спорт“.
– Го гледам Јунајтед и го гледам новиот играч како се шета по теренот. Тоа е Мануел Угарте, кој беше платен 50 милиони евра! Како тој човек така шета низ теренот? Идиотски е како Тен Хаг инвестира во играчи кои воопшто не се добри!
Угарте (23) е дефанзивен играч за врска кого Јунајтед летово го купи од ПСЖ за спомнатата сума.
Легендарниот стрелец на Ајакс, Милан и на Холандија не застана тука: „Кажете ми барем еден врвен играч во Манчестер јунајтед. Во секој голем клуб има барем по еден, но не и во Јунајтед.
Рашфорд е многу лош. Бруно Фернандеш е добар играч, Онана е добар голман и тоа е се’. Гарначо е солиден, но во тимот навистина нема кој да го води“.