Литванскиот центар Јонас Валанчиунас реши каде ќе ја продолжи кариерата, Според инсајдерот Адријан Војнаровски, тој ќе се пресели во клубот од главниот град на САД. Валанчиунас ќе потпише договор со екипата на Вашингтон визардс, според кој ќе заработи 30 милиони долари за три години.
За услугите на Валанчиунас беа заинтересирани и Лејкерс, особено Леброн Џејмс, кој посакуваше да го види во тимот од Калифорнија. Валанчиунас последните години ги мина во Њу Орлеанс, а минатата сезона ја заврши со просек од 12,2 поени и 8,8 скока по натпревар.