Најдобрите светски боксери во тешка категорија, Олександр Усик и Тајсон Фјури во сабота навечер ќе се сретнат во реванш мечот за три од четирите главни светски шампионски појаси. Во првиот меч Украинецот, со судиска одлука, го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион.
Но, во меѓувреме Усик ја загуби титулата на ИБФ поради посебните правила на организацијата, па тој појас нема да го добие победникот од оваа борба.
Како и обично, во игра ќе бидат огромни пари. Како што пишува британски Индипендент, боксерите ќе ја поделат сумата од 191 милион долари!
Ова се повеќе пари отколку за првиот меч, кога поделија 150 милиони долари. Тогаш договорот беше Фјури да добие нешто повеќе од 100 милиони, а Усик го доби остатокот иако победи. Овојпат Усик ќе добие нешто поголема сума, иако не се знае колку.
Британскиот боксер има само еден пораз во кариерата и тоа против Украинецот во нивниот меч на 17 февруари годинава. Усик засега е непоразен.