Србија се прости од ЕП како последна во групата, зад Словенија, Данска и Англија. Игрите на тимот беше проследени со многубројните контроверзии и дискусии за организациските неуспеси и пропусти на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС).
Тимот на турнирот во Герма нија пристигна со хрватски авион во кој српскиот претседател Александар Вучиќ на играчите им посака среќа пред летот.
ФСС на своите официјални канали сподели фотографија на која Вучиќ е опкружен со селекторот Драган Стојковиќ Пикси и со дел од играчите облечени во тренерки. Српскиот портал Курир сега пишува дека и ова е организациски промашување бидејќи во Германија требало да пристигнат во одела.
Во нивниот текст пишува: „Нов бизарен детал излезе во јавноста по враќањето на српските фудбалери од Германија. Неверојатно беше што играчите и селекторот заминаа на ЕП во спортски панталони. Ова се виде на збогувањето кога во авионот се сликаа со претседателот Вучиќ.
Костумите за фудбалерите и за Стручниот штаб беа подготвени, но димензиите не одговараа. Некој згрешил при земањето мерки. Неколку дена пред патувањето, костумите пристигнале во Спортскиот центар во Стара Пазова, но кога фудбалерите ги пробале најпрвин настанал молк, а потоа и бран на незадоволство.
Костумите веќе биле платени, а парите практично потрошени. Фирмата што ги шиела си ја завршила работата, квалитетот не бил сомнителен, но големините не се поклопувале.
Уште еден пропуст во организацијата. Мора да се признае, бизарен е, но и јасен показател за состојбата на некои луѓе кои не се на височината на задачата во организацијата, пишува Курир.