Украинка го собори 37 години стариот светски рекорд на Стефка Костадинова

Украинската атлетичарка Јарослава Махучих постави нов светски рекорд во скок во височина. Украинката прескокна 2,10 метри на мнитингот од Дијамантската лига во Париз и со тоа го собори рекордот стар 37 години.

Претходниот рекорд 92,09 метри) го држеше Бугарката Стефка Костадинова, од 1987 година на Светското првенство во Рим.

Махучих со ова успеа да собори еден од четирите најстари рекорди во женската атлетика. Втора денеска во оваа дисциплина во Париз беше Никола Олислагерс од Австралија, а трета српската атлетичарка Ангелина Топиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО