УЕФА го менува правилото пред ЕП поради Пикси?

Според пишувањето на српските медиуми, селекторот Драган Стојковиќ Пикси поднел официјално барање до Европската фудбалска унија (УЕФА) секоја репрезентација да има по 25 играчи на Европското првенство (ЕП) во Германија кое почнува во јуни.

Стојковиќ ќе поднесе oфицијално писмено барање до тренерскиот форум во април, за што има голема поддршка од колегите-селектори.

Во октомври минатата година, УЕФА објави дека секоја репрезентација на ЕП ќе може да брои по 23 члена, 20 играчи, плус тројца голмани. Но, се очекува Пикси, откако такво нешто договори со ФИФА пред последното Светско првенство (СП), тоа да го направи и со УЕФА.

Пред СП во Катар, Пикси побара од ФИФА да се зголеми бројот на фудбалери на репрезентативните списоци. Тој уште тогаш доби поддршка од колегите, а ФИФА му го исполни барањето, па секоја репрезентација таму имаше по 25 фудбалери.

Србија на ЕП ќе игра во групата Ц, со Англија, Данска и Словенија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО