Убедлива победа на РК Алкалоид против Прилеп за „четири од четири“ во Супер лигата

Ракометниот клуб на Алкалоид запиша убедлив триумф над Прилеп од 45:23 во првата средба од 4. коло во Суперлигата.

Домаќините уште во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот откако се стекнаа со двоцифрена предност (23:13) предност која продолжија да ја зголемуваат и во вторите 30 минути.

Со ова Алкалоид го задржа 100 процентниот учинок во шампионатот, а лидер во најновиот триумф кога се во прашање стрелците бе крилото Костески со седум погодоци.

Во наредното коло четата на Лазаров му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО