Убедлив пораз за македонските тенисери на гостувањето во Никозија

Македонската тениска репрезентација е поразена во дуелот со Кипар со 5:0 што се одигра во Никозија во рамки на Втората Светска зона на Дејвис купот.

Денешните три мечеви ги добија домашните тенисери, кои остварија прво победа во двојки, а потоа и во двата сингл меча.

Во последниот меч младиот македонски тенисер (15 години) Марко Алексовски загуби од Константинос Мегалемос со 2:0 во сетови (7:6(8) и 6:1). Во првиот сет се водеше голема борба, а Алексовски спаси четири сет топки и ривалот беше поуспешен со 10:8 на поени во тај брејкот. Во вториот сет ривалот беше убедлив со 6:1 во гемови.

Во првиот сингл меч Кристијан Јанев загуби од Николас Кембел со 2:0 во сетови (6:2 и 7:5), додека во првиот денешен меч во конкуренција на двојки Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ загубија од Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос со 2:0.

По денешниот пораз, македонските тенисери во јуни месец годинава ја очекуваат мечеви во рамките на Третата зона.

Фото: ТФМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО