Премногу работи се различни сезонава во Бундеслигата, Баерн Минхен сезонава не е главниот тим кој ги диктира работите, оваа сезона тоа е Баер Леверкузен.
По 27. кола, Баер Леверкузен е лидер во германското првенство со 13 бодови предност пред Баерн Минхен и со цели 17 пред третопласираниот Штутгарт, кој има меч помалку.
Резултатски се уште се е отворено, барем уште неколку кола, но по денешната изјава на Томас Тухел, се чини дека во Минхен кренаа бело знаме пред време, што е вистинска реткост.
Баерн Минхен денеска беше поразен на домашен терен од Борусија Дортмунд со 2:0 во „Дер Класикер“ и направија чекор назад во битка за титулата, а Тухел на пресконференцијата имаше храброст да честита титула на ривалите, иако тоа уште не е завршено, бидејки во оптек има се уште 21 бодови за кои мора да играат.
– Би сакал да им честитам на Баер Леверкузен за освоената титула, по нашиот кикс, битката за трофејот е завршена работа, порача Томас Тухел.
Несомнено дека ова нема да му го простат на Тухел во Минхен, бидејки предвреме крена бело знаме, што не е својствено последните години за тим каков што е Баерн Минхен.