Хрватскиот тренер Игор Тудор ја даде првата изјава по неговото назначување за главен тренер на Тотенхем.
Спарс денес го промовираа 47-годишниот тренер како нивни предводник до крајот на сезоната 2025/26.
Се очекува Тудор да го спаси Спарс од испаѓање.
– Голема чест ми е да се приклучам на овој клуб во важен момент. Ја разбирам одговорноста што ми е доверена, а мојата цел е јасна: да постигнеме поголема стабилност во нашата игра и да се бориме со самодоверба во секој натпревар, изјави Тудор за клупскит сајт.
Хрватот, исто така, го истакна потенцијалот на тимот што го презема.
– Во овој состав има квалитетни фудбалери, а мојата работа е да ги организирам, да им ја вратам енергијата и брзо да ги подобрам нивните резултати, додаде тој.
Последна работа на Тудор беше во Јувентус. Претходно тој беше тренер и на Лацио, Марсеј и Верона. Тудор го замени данскиот тренер Томас Франк во Тотенхем, кој беше отпуштен на 11 февруари по само неколку месеци по неговото поставување.
По 26 кола во Премиер лигата, Тотенхем е на 16. место со 29 бода.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: