Циндриќ и уште двајца добија забрана веднаш да дојдат во Хрватска!

Управите на Веспрем и Висла Плок се решија на чекор кој не им се допадна на навивачите на хрватската ракометна репрезентација.

Учесниците во Лигата на шампиони (ЛШ) им забранија на Лука Циндриќ, Никола Граховац и на Леон Сушња веднаш да му се приклучат на националниот тим, што значи дека тие ќе пристигнат на подготовките за Светското првенство (СП) дури по новогодишните празници.

Со задоцнување ќе се приклучат Домагој Дувњак, Иван Мартиновиќ и Доминик Кузмановиќ поради нивните обврски во германската Бундеслига, па така селекторот Дагур Сигурдсон ќе го има целиот тим на располагање на само десетина дена пред почетокот на ракометниот Мундијал.

Хрватска ќе се натпреварува во групата Х, каде ќе ја има фаворитската улога во конкуренција на Аргентина, Египет и Бахреин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО