Фудбалерите на Манчестер Јунајтед извојуваа минимална победа од 1:0 против Њукасл на единствениот дуел одигран синоќа на „Боксинг деј“ од Премиер лигата. Во минатото на „Боксинг деј“ беше традиција да има изобилство од натпревари во англискиот фудбал. Оваа сезона не е така поради промените на календарот на УЕФА (зголем број натпревари) и ТВ првата што ги има Премиер лигата.
Инаку, стрелец на единствениот гол беше Патрик Доргу во 24.минута.
„Црвените ѓаволи“ со 29 бодови се пробија на петтото место и имаат ист број со Челзи (4.место) и Ливерпул (6.место).
Денеска на програмата се седум натпревари: Нотингем Форест – Манчестер Сити, Арсенал – Брајтон, Брентфорд – Бурнемут, Барнли – Евертон, Ливерпул – Вулверхемптон, Вест Хем – Фулам и Челзи – Астон Вила. Додека утре играат Сандерленд – Лидс и Кристал Палас – Тотенхем.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: