Трапановски: Се надевам дека селекторот ги следи нашите настапи во Данди јунајтед

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски уживаше во извонреден почеток во Данди јунајтед, воодушевувајќи ги навивачите со неговото директно трчање и одлучноста како лево крило да трча кон противничкиот гол. Три пати до сега ја затресе мрежата на ривалите и може да се пофали со уште две асистенции.

Неговата аклиматизација е олеснета со доаѓањето на сонародникот Бабунски, кој веќе изгледа како одличен потег на клубот. Поранешниот младинец на Барселона постигна гол на секој натпревар што го започна за Данди јунајтед, вклучително и неверојатен против тимот од англискиот шампионат Лутон Таун минатиот петок навечер, за време на кој ја стави капитенската лента.

Трапановски се надева дека ваквите перформанси ги следи и селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.

– Првпат играм во ист тим со Давид и се надевам дека ќе можеме да играме заедно и во националниот тим. Се надевам дека селекторот на репрезентацијата внимателно нè следи – изјави Траппановски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО