Екипата на Фенербахче потврди дека го ангажирала искусниот напаѓач и турски репрезентативец, Џенк Тосун кој е роден во Германија. Тој доаѓа како слободен фудбалер, од редовите на големиот ривал, Бешикташ.
Тосун, 33 –годишниот играч има настапувано за Кристал палас, Евертон, Газиантеп и за Ајнтрахт Франкфурт. За репрезентацијата на Турција има одиграно 53 меча и постигнато 21 гол. Настапи и на Европското првенство (ЕП) во Германија.