Турскиот прволигаш Самсунспор ќе се соочи со македонскиот првак Шкендија в четврток во Скопје во првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лигата на конференции со нов тренер, откако денеска официјално го назначи Германецот Торстен Финк за нов шеф на стручниот штаб.
Поранешниот долгогодишен фудбалер на минхенски Баерн седнува на клупата на Самсунспор на местото на својот сонародник Томас Рајс, кому му беше врачен отказ по двата последователни порази овој месец во турското првенство.
Педесетиосумгодишниот Финк минатата сезона го предводеше белгиски Генк, а претходно во кариерата беше тренер на Сент Труден, Грасхоперс, Ал Наср, Рига, Висел Кобе, Хамбургер, Базел и Австрија Виена.
Шкендија в четврток од 21 часот го пречекува Самсунспор на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во серија од три победи на стартот од вториот дел на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
ФОТО:МИА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: